Се урна зградата на Работничкиот универзитет во Велес
Зградата на Работничкиот универзитет во Велес се сруши. Од локалната власт објаснуваат, инвеститорот немал одобрение за рушење. ОЈО Велес отворило предмет за случајот...

Викендот како кула од карти се сруши еден век зградата на Работничкиот универзитет во Велес, дел од имотот на државата. Објектот паднал откако инвеститорот, сопственик на приватен објект започна со градежни активности за изградба на нова куќа. Сопственикот не сака јавно за зборува, соседите стравуваат по нивните домови. ОЈО Велес отворило предмет, дали и колку е почитувана законската регулатива при градба.
За среќа рушењето на објектот помина без човечки жртви, иако до пред десетина минути имало вработени во канцелариите. Причинета е голема материјална штета. За инцидентот се јавија и од локалната власт со писмено соопштение.
Изведувачот „Бени Амар инженеринг“ се оградува од каква било одговорност, бидејќи велат освен поставување на ограда немале никаква друга активност, инвеститорот сам ангажирал машини од Скопје со кој ја рушел куќата. Надзорот инженер Коста Јанев, пак вели дека дури по рушењето, во понеделникот го потпишал договорот со инвеститорот.
Петар Печков
