Македонија

Во Стразбур почна летната сесија на ПССЕ

21.06.2022 11:38

Во Стразбур започна летната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) која ќе трае до 24 јуни, на која учествува и македонска собраниска делегација. Говорите на претседателот на Република Грција, Катерина Сакеларопулу и холандскиот крал Вилем-Александар се меѓу главните точки на сесијата..

ПССЕ на СЕ за прв пат во последниве две години, одржува сесија со физичко присуство на пратениците од 46-те земји членки на Советот на Европа.

Шефот на македонската парламентарна делегација Дарко Каевски на маргините од сесијата имаше средби со пратеници од другите земји, и особено со известувачот за извештајот за како да се поддржи европската перспектива на земјите од Западен Балкан, грчкиот пратеник Јоргос Папандреу.

Дарко Каевски денес како еден од вице-претседателите на паневропската асамблеја ќе претседава со неа.

Тони Гламчевски