Македонија

Ден на Охридското езеро

21.06.2022 12:15

Денеска се одбележува Денот на Охридско езеро, едно од најстарите езера во Европа. Во светот постојат само 12-тина древни езера, постари од 1 милион години од нив на европскиот континент се наоѓаат две, Охридско и Преспанско езеро.

Охридско е како дом на над 1.200 видови, според единица површина Охридското езеро има убедливо највисок индекс на биодиверзитет од сите езера на светот, над 200, од тие видови се ендемски. Охридското езеро е музеј на живи фосили, древни видови кои во неговите води постојат над 2 милиони години и кои се бесценет извор за научни истражувања на еволуцијата на видовите.

Еколошки здруженија на Денот на Охридското езерото, повикаа за поголема заштита на водите на охридско и заштита на највредното природно богатство во државава.