241 санкции за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возачи...

Во текот на вчерашниот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возачи.
Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место.
За време на акциската контрола санкционирани биле и 119 други видови прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови
