Полициски специјалци пред Музејот на Македонија
Од утринава полициските специјалци не дозволуваат движење на влезот и излезот од институцијата

Во Музејот на Македонија е во тек интензивна истрага за најголемата кражба на музејски предмети во нашата историја. Директорите и вработените во инстутуциите во кои се чува непроценливото македонското културно богатство да бидат поодговорни во извршувањето на својата работа, да ги почитуваат законските процедури и прописи изјави за МТВ Министерката за култура Канческа – Милевска за случајот со украдените артефакти од музејот на Македонија
По наредба од судот полицијата го чешла теренот околу Музејот на Македонија
-МВР од рано изутринава го обезбедува објектот. Полициските специјалци не дозволуваат движење на влезот и излезот од институцијата . Инспекторите се внатре во Музејот каде вршат детална истрага за случајот .
-Првично беа пријавени 40 , но истрагата утрди дека списокот на исчезнати предмети е значително поголем. Последниот податок вели дека недостигаат 166 артефакти . Во изминативе недели во Министерството за внатрешни стигнувале различни пописи на предмети кои недостасуваат .
-Полицијата утврди дека нема траги на провала во музејот . Сомнежите сега се насочени кон некој вработен одвнатре. Од МВР најавија дека вработените во Музејот ќе поминат и на детектор за лаги . Викторија Тодоровска
