Аваков: „Сепаратисте почнаа да се бранат со човечки штит“
Крв се пролеа на улиците на Славјанск каде што е во тек антитерористичка операција против проруските активисти.

Загина еден, а неколку припадници на украинските сили се повредени. Уште не се знае бројот на загинати и ранети демонстранти. Двете страни се вооружени, во градот се слушаат пукање на експлозии и гранати и го надлетуваат хеликоптери. Украинскиот министер за внатрешни Аваков на фејсбук напиша: „Сепаратистите почнаа да се бранат со човечки штит“.
„Уште не е јасно што ќе биде натаму, имаме информација дека некои сили доаѓаат по нас. Ќе видиме што ќе се случи“, - Проруски активист
Ако Киев употреби сила во југоисточна Украина, ќе бидат загрозени четиристраните разговори во Женева за решавање на кризата, го предупредил шефот на руската дипломатија Лавров својот американски колега Кери. Вашингтон за вчерашната размена на оган меѓу граѓаните и полицијата го обвини мешањето на Москва.
„Како да објасните кога вооружени луѓе вршат криминални напади врз регионалните полициски станици, а полицијата не отвора оган? Тоа е кршење на законот и на уставот“, вели Петро Порошенко, кандидат за претседател на Украина
Водачот на украинската екстремна десница преку Јутуб ги повика приврзаниците да се мобилизираат и да се подготват за одлучни чекори за одбрана на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, а војската да не се судира со нив, туку да ги поддржи.
