Македонија

Милошоски: Владата и МНР да го достават на разгледување францускиот предлог

21.06.2022 15:06

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Милошоски, побара францускиот предлог да биде доставен на разгледување до пратениците во Комисијата. Османи му одговори дека таков предлог сè уште нема пристигнато...

Владата и МНР да ги достават до пратениците двата документи кои се однесуваат за Македонија – побара , пратеникот и претседател на на Комисијата за надворешна политика во Собранието Антонио Милошоски. Владата нема право да ги крие од јавниста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа  -вели Милошевски. Во писменото  барање е наведено дека доколку  документите , се достават до пратениците уште утре би се одржала Комисијата за надворешна политика, бидејќи задутре, кога се одржува седницата на Советот на ЕУ, може да биде и предоцна.

„И бугарскиот протокол кој е усогласен, а се однесува за обврските кои ги преземала македонската Влада, и знаеме дека го имаат предлогот за преговарачката рамка кој е преставен од страна на Франција. Не бараме ништо друго освен собранието да распарав за овие два битни документи. Сметаме дека е многу голема манипулација , министер за надворешни работи или претседател на Влада да кажат дека ги немаат овие документи. .Тоа за нив е уште подевалвирачки. Акто сет вие премиер или мНР и тврдите дека ги немате двата клучни документи за кои ЕУ и Бугарија, денес утре или задутре ги немате , тогаш навистина се девалвирате“ рече Антонио Млошевски.

Формално досега не е добиен Француски предлог како можно решение за блокадата од страна на Бугарија – реакција на Министерот за надворешни работи Бујар Османи. Потребно е прво да се добие мислењата на останатите  земјите – членки на ЕУ- посочува шефот на македонската дипломатија.

„Оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието и/или неговите тела. Второ – евентуален Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ, можеби ќе преставува записник од одржување на Меѓувладина комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година. Засега е одржана само една седница на оваа Комисија во 2019 година, и овој записник, кој е единствениот Протокол засега, е јавно достапен веќе три години“, вели Османи.

Тој додава дека оттука нема финализиран записник затоа што не е одржана втората седница на Меѓувладината комисија.

 

Марина Тонева Стојанова