Македонија

Прилеп: Единствена музичка музејска поставка

21.06.2022 15:51

На 67-годишнината од заводот и музеј, Прилеп ја доби постојаната музејска поставка на роднокрајното музичко творештво, единствена во земјава. Ова е уште еден начин за заштита на културното наследство...

Пеце Атанасовски, Нина Спирова, Блага Петреска, Никола Бадев, Селимова Желчески, Коста Смилески, Влатко Стефановски, Гога Зафироски се дел од значајните македонски музички имиња поврзани со Прилеп. Со преку 200 предмети на 20-тина музичари е отворена единствената музејска поставка на роднокрајното музичко творештво. Нуди историја, културно богатство и потврда на богатата музичка активност во Прилеп низ децениите.

Музичарите и нивните потомци даруваа инструменти, плакети, плочи како непроценливо наследство.

Уникатната поставка е уште еден начин на заштитата на културното наследство.

Поставката ќе се проширува и со материјали за Никола Бадев, Властимир Николоски и други македонски музички имиња поврзани со Прилеп.

 

Елизабета Митереска