Четворица затвореници во штипскиот затвор штрајкуваат со глад
Четворица затвореници во затворот во Штип од вчера штрајкуваат со глад заради тоа што сметаат дека им се скратени нивните права. Реагирале и до Народниот правобранител. Од управата информираат дека правата не им се нарушени и дека се во добра здравствена состојба. Роднините на штрајкувачите најавуваат блокада на патот до затворот доколку за три дена не се надмине проблемот...

Четворица затвореници во Казнено поправната установа затвор Штип од вчера штрајкуваат со глад, незадоволни од според нив нееднаквиот третман од страна на управата. Незадоволството настанало откако еден затвореник бил сместен во полуотвореното одделение, што според четворицата кои штрајкуваат е кршење на правата на останатите затвореници. Директорот Мики Тодоров вели дека посочениот затвореник бил преместен во ова одделение по лекарска препорака за подолг престој на отворено
Затворениците го известиле и Народниот правобранител, кој до денес нема извршено увид во случајот. Роднините на штрајкувачите најавуваат блокада на влезот на затворот во петок, доколку до четврток надлежните институции не преземат мерки за надминување на проблемот.
Славица Величковска
