Надлежности на претседателот на РМ

13.04.2014 15:01

Според Уставот на Република Македонија претседателот ја претставува државата и е врховен командант на вооружените сили. Неговата должноста е неспоива со функција во политичка партија или со друга јавна функција или професија.

Претседателот го определува мандаторот за состав на Владата, ги поставува и отповикува со указ амбасадорите, ги прима и акредитивните писма на странските  дипломатски претставници. Во името на Република Македонија одлучува за водење преговори и за склучување меѓународни договори. Шефот на државата ги потпишува указите за прогласување на законите што ги донесува Собранието.Тој според Уставот прогласува воена или вонредна состојба.  Доколку  за време на воена состојба Собранието не е во можноста да се состане и да донесе одлука со двотретинско мнозинство, тогаш претседателот може да  ја именува или разреши Владата или  нејзини функционери.

Шефот на државата го предлага гувернерот на Народната Банка како  и неколку членови на клучните институции на државата- двајца судии на Уставниот суд, двајца членови на Републичкиот судски совет, тројца на советот за безбедност и директорот на Агенцијата за разузнавање.

Претседателот може да предложи промена на Уставот, дава помилување, доделува и врачува одлукувања и признанија на Република Македонија и еднаш годишно во Собранието дава извештај за својата работа.

Соња Стојановска