Ковид-19

Нови 91 заболени со Ковид-19 – бројот на активни случаи во државава е 374

21.06.2022 20:11

Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, бројот на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374.,,

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на Ковид-19: Скопје – 65, Куманово – 8, Битола – 6, Охрид – 4, Прилеп и Кавадарци – по 2, Тетово, Велес, Гостивар и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (91), регистрирани се 23 реинфекции.

Регистрирани се 67 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 8, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, бројот на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374.