Француската премиерка поднесе оставка, Макрон не ја прифати
Францускиот претседател Макрон ја одби понудата на премиерката Елизабет Борн да поднесе оставка откако неговиот политички сојуз претрпи огромни загуби на парламентарните избори. Центристичкиот сојуз го загуби апсолутното мнозинство, а ваквиот исход ќе го отежне спроведувањето на неговата агенда во рамките на вториот лидерски мандат кој го доби пред околу два месеца...

Францускиот претседател Макрон ја одби понудата на премиерката Елизабет Борн да поднесе оставка откако неговиот политички сојуз претрпи огромни загуби на парламентарните избори. Центристичкиот сојуз го загуби апсолутното мнозинство, а ваквиот исход ќе го отежне спроведувањето на неговата агенда во рамките на вториот лидерски мандат кој го доби пред околу два месеца. Макрон деновиве на разговори со челниците на партиите застапени во парламентот за да се истражат сите можности за конструктивна соработка или коалиција. Доколку не обезбеди поддршка, Франција влегува во политичка криза.
„Влегувам во парламентот со една решителна идеја, да ја преземам и водам битката против ултрадесничарите на коишто Владата им дозволи да растат и да се шират во последните неколку години“, изјави Артур Делапорт, пратеник на социјалната партија – НУПЕС.
„Мора да се решат проблемите на францускиот народ. Мора да се врати довербата во политиката, во спротивно ќе се зголемува револтот, гласот „против“. Убедена сум дека сите политичари се соочуваат со ова“, изјави Ен Женевард, пратеник на Републиканската партија.
