Украина

Битки за градовите Северодоњецк и Лисичанск

21.06.2022 21:09

Силите на Киев водат битки за градовите Северодоњецк и Лисичанск. Руското Министерство за одбрана објави снимка од борбена мисија врз воените инфраструктурни објекти на украинските сили. Москва повторно и се закани на Литванија откако балтичката земја го забрани преминувањето на стоки под санкции од ЕУ кон руската енклава Калининград...

Силите на Киев водат битки за градовите Северодоњецк и Лисичанск. Руското Министерство за одбрана објави снимка од борбена мисија врз воените инфраструктурни објекти на украинските сили. Москва повторно и се закани на Литванија откако балтичката земја го забрани преминувањето на стоки под санкции од ЕУ кон руската енклава Калининград.

„Ќе направиме сè што е можно да ги запреме окупаторите, да го заштитиме народот. Но, потребна ни е поддршка, модерно вооружување, оружје што ќе има подобри капацитети од оружјето на руската армија“ изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Земјата минува низ уште една серија тешкотии. Сите знаеме колку внимателно светот и нашата земја следат што се случува во цивилната област. Имаме ограничувања, и ги надминуваме на различни начини“, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.