На половина од изборниов ден излезноста во пелагонискиот регион задоволува
Кон крајот на првата и почетокот на втората половина од изборниов ден, излезноста во Битола значително се зголемува. Ако до десет часот од вкупно запишаните 82 илјади 588 гласачИ во единствениот избирачки список правото на глас го искористиле 13,6 проценти, на половина од изборниот ден на некои избирачки места таа достигна до близу 50 проценти.
„На гласачкото место 119/ 1 запишани се 596 гласачи до 13 часот гласаа 279 избирачи или 46 посто од вкупно запишаните. Тоа е одлично во споредба со минатите избори“, рече заменик председателот на овој избирачки одбор Зорица Можамачковска
Просечната излезност на ниви на општина се движи окуле 35 проценти. Граганите задоволни од текот на гласањето и демократскиот дух.
„Битола отсекогаш важел за град каде гласањето се одвивало без проблеми, очекуваам во тој дух да финишира изборниов ден а нека победата му припадне на најдобриот кандидат за претседател“, рече Стевче Илиевски.
„Досега може да се каже дека изборниот процес тече во најдобар ред. Очекувам до затворањето на избирачките места да преовладува истата атмосвера“, рече Зорица Петковска.
Во Пелагонискиот регион најрасположени за гласање досга се жителите со право на глас од општина Новаци. Излезноста е окулу 51 насто. Во општинаа Демир Хисар до истиот период гласале 41,4 од запишаните 7 илјади 395 избирачи.
Стевче Митровски
