Украина: 15 цивили се убиени во гранатирањата на Харков
Руската војска се доближува до Лисичанск. Во гранатирањата на Харков има цивилни жртви. Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека не ја исклучува смртната казна за заробените американски војници...

Руската војска се доближува до Лисичанск. 15 цивили се убиени во гранатирањата на Харков.
„Ситауцијата на фронтот нема значителни промени. Со помош на тактички движења, украинската армија ја зајакнува одбраната во Луганск. Таму е најтешка ситуацијата. Окупаторите вршат сериозен притисок и во правед на Доњецк“, изјави Володимир Зеленски • Претседател на Украина.
Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека не ја исклучува смртната казна за заробените американски војници.
„Очекуваме, односно од меѓународното право и военото право се очекува со сите заробеници на фронтот да се постапува хумано, со почит и во согласност со законите на војната“, изјави Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот.
Сè повеќе се засилува и пресметката во економската сфера. Москва ја обвинува Литванија за блокада на транзитот на производи од Русија кон Калининград.
„Овој пример покажува дека не можете да верувате ни во усните ни во писмените изјави од Западот. Русија ќе одговори на овие непријателски акции. Се подготвуваат соодветни мерки и наскоро ќе бидат усвоени. Последиците ќе имаат сериозно негативно влијание врз литванскиот народ“ изјави Николај Патрушев, министер во Советот за безбедност на Русија.
Брисел одговори – земјата само ги спроведува санкциите на ЕУ.
„Нема блокада на Калининград. Од минатата недела, се активирани санкциите за некои производи опфатени со т.н. „санкционен пакет“, рече Ингрида Шимоните, премиерка на Литванија.
„Се прави обид за драматизирање на ситуацијата. Ако го погледнеме вкупното количество транзит низ Литванија, ќе има помалку од половина од санкционираните производи во моментот кога тие ќе се спроведуваат целосно. Тоа значи дека нема блокада“, изјави Габриелиус Лансбергид • Министер за надворешни работи на Литванија.
Војната во Украина трае веќе четири месеци.
