Италија
Ди Мајо го напушта „Движењето пет ѕвезди“
22.06.2022 09:55
Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо го напушта „Движењето пет ѕвезди“ за да формира нова парламентарна партија, поддржана од премиерот Марио Драги.

Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо го напушта „Движењето пет ѕвезди“ за да формира нова парламентарна партија, поддржана од премиерот Марио Драги.
Тој го обвини лидерот на оваа партија и поранешен премиер Џузепе Конте за поткопување на владината поддршка за Украина и намалување на влијанието на Рим во Европската унија. Расколот во „Движењето пет ѕвезди“ може да предизвика нови нестабилности во повеќепартиската коалиција.
