Бугарија

Бугарскиот парламент денес гласа за недоверба на владата на Петков

22.06.2022 10:22

Центристичката коалициска влада на бугарскиот премиер Кирил Петков вечер ќе се соочи со гласање недоверба, што го побара главната опозициска партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов...

Центристичката коалициска влада на бугарскиот премиер Кирил Петков  вечер ќе се соочи со гласање недоверба, што го побара главната опозициска партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Тие ја обвинија владата за погрешни чекори во областа на јавните финансии и економската политика кои доведоа до галопирачка инфлација.

Петков е оптимист за опстанокот на владата. За нејзиниот спас мора да има 121 глас од 240. Петков и неговата партија „Продолжуваме со промените“ беа избрани лани врз основа на ветувања дека ќе ја искоренат корупцијата и ќе воведат длабоки реформи во најсиромашната земја-членка на Европската унија.