Македонија

Штип: Згрижувачките семејства, најважна алка во системот за поддршка на децата без родители

22.06.2022 12:44

„Подај рака и промени живот – стани згрижувач на деца без родители и родителска грижа“ – ова е мото на кампањата на Министерството за труд и социјална политика и СОС детското село и е дел од реформите на националниот систем за заштита на децата. Целта е граѓаните да се мотивираат на највисокиот хуман гест, да подарат љубов и внимание на деца во ризик...

Згрижувачките семејства, најважна алка во системот за поддршка на децата без родители и родителска грижа

Семејството на Нусед Мурати згрижува пет деца. Вели дека одлуката ја донеле без двоумење дали да го отворат својот дом за децата на нивните починати пријатели. Порачува оние кои имаат можност да не се двоумат да згрижат дете, бидејќи чувството дека помагате некому е бесценето

„Донесовме вистинска одлука кога згриживме пет деца и горда сум за тоа“, вели Оливера Миленковска.

Помош во надминувањето на секој проблем со кој се соочуваат децата дава и Центарот за поддршка.

Во Штип за сега е застапено само роднинското згрижување.

За децата без родителска грижа потребно е да се оформи национална мрежа на згрижувачки и роднински семејства, каде децата ќе имаат нормален развој. Центрите за поддршка вршат обука на згрижувачките семејства, пружаат континуирана стручна помош, но и контрола на условите во кои живеат децата.

Славица Величковска