Струга гласа во фер и демократска атмосфера

13.04.2014 15:29

Во фер и демократска атмосфера поминува гласањето во Струга каде Македонија денес го избира својот петти претседател.

Во Струга беа отворени вкупно 101 гласачко место каде право на глас имаат 57,983 во општина Струга. До 13 часот излезноста во општина Струга на дел од избирачките места беше околу 11%.

„На избирачкото место 1849, гласањето започна навреме, точно во 7 часот, просторијата беше отворена, гласањето се одвива во најдобар ред, до овој момент, до 14 00 часот излезеноста на гласачите е некаде околу 40 проценти“, вели Елеонора Јаканоска - заменик претс. на ИМ 1849 Струга 

Очекувањата на Стружани за новиот претседател се големи.

Општина Вевчани со 2070 гласачи на 3 избирачки места до 13ч имаше излезност од 41%.

Јованчо Наумоски