Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе одат во Брисел
Македонскиот премиер Ковачевски, неговиот албански колега Рама и српскиот претседател Вучиќ ќе одат во Брисел и утре ќе учествуваат на самитот Европска унија-Западен Балкан. Веста ја потврдија од кабинетот на Вучиќ, а албанскиот премиер Рама на твитер објави дека по меѓусебни консултации, тројцата лидери на земјите вклучени во отворен Балкан, сепак, одлучиле да заминат за Брисел...

Македонскиот премиер Ковачевски, неговиот албански колега Рама и српскиот претседател Вучиќ ќе одат во Брисел и утре ќе учествуваат на самитот Европска унија-Западен Балкан.
Веста ја потврдија од кабинетот на Вучиќ, а албанскиот премиер Рама на твитер објави дека по меѓусебни консултации, тројцата лидери на земјите вклучени во отворен Балкан, сепак, одлучиле да заминат за Брисел.
„Нема да има многу што да се слушне за нас, но ќе бараме да бидеме слушнати за идејата за нова европска политичка заедница која ја поддржуваме, за отворен Балкан кој го промовира духот на Европа и за нашето киднапирање од Бугарија што сето тоа го уништува. Прерано е за оптимизам и премалку за промена на делот од утрешниот говор каде Бугарија ќе биде критикувана како земја која киднапирала две земји од НАТО додека има жешка војна на европската граница“, наведува Рама.
Ковачевски, Вучиќ, Рама и нивните колеги од другите земји од западен Балкан се повикани во Брисел на средба со челниците од ЕУ, пред јунскиот самит на Европскиот совет на кој ќе се разговара за проширувањето на Унијата.
