Македонија

Се обновува патот Прилеп - Градско

22.06.2022 14:39

Почна поставувањето нов асфалт на патот Прилеп-градско. Во наредните месеци ќе се рехабилитираат 19 километри од една од најтешките и најфреквентни етапи на магистралниот пат. Паралелно се одвиваат работите на експресниот пат, а наредниот месец започнува рехабилитацијата на патот Битола-Меџитлија...

Со четири милиона евра ќе бидат обновени 19 километри од магистралниот пат Прилеп-Градско со што ќе се подобри безбедноста и сигурноста на овој фреквентен магистрален пат, а делницата е една од најтешките.

Патната инфраструктура е речиси пресудна за економскиот развој на Регионот

Паралелно се работи на експресниот пат Градско - Дреново, деновиве беше пробиен еден од двата тунела.

Министерството за транспорт и врски подготви законско решение и ќе оди на Влада, за формирање Агенција за безбедност на патиштата. Ќе се спои со досегашниот Републички совет, ќе добие ингеренции од повеќе министерства и ќе има извршна улога.

Елизабета Митреска