Ковачевски, Рама и Вучиќ одат во Брисел на Самитот ЕУ- Западен Балкан
Премиерите на Македонија и Албанија Ковачевски и Рама, и српскиот претседател Вучиќ сепак ќе заминат во Брисел на самитот ЕУ – Западен Балкан. Донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил...

Доколку нема прогрес во евроинтеграциите за Западен Балкан, тоа ќе биде удар врз Унијата, смета премиерот Ковачевски. Заедно со албанскиот премиер Рама и со српскиот претседател Вучиќ решија сепак да одат на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Ќе бараат да бидат слушнати за отворен Балкан и за идејата за европска политичка заедница …
Премиерите на Македонија и Албанија Ковачевски и Рама, и српскиот претседател Вучиќ сепак ќе заминат во Брисел на самитот ЕУ – Западен Балкан. Донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина. Решивме дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повториме нашите заложби за европскиот пат на целиот Западен Балкан – напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил.
„Доколку не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе биде сериозен проблем и удар врз кредибилитетот на ЕУ на балканот. Нашите ставови на оваа тема ќе ги пренесеме заеднички, на самитот на ЕУ за западен Балкан, во широк форум, во центарот на европската дипломатија, напиша Ковачевски.
И албанскиот премиер Еди Рама во Твитер објавата потврди дека тројцата лидери ќе одат на состанокот на советот на ЕУ, но како што смета, нема да има многу што да се слушне за нас. Ќе бараме да бидеме слушнати за идејата за нова европска политичка заедница која ја поддржуваме, за отворен Балкан кој го промовира духот на Европа и за нашето киднапирање од Бугарија што сето тоа го уништува.
„Само што слушнав дека нешто се придвижува во Бугарија. Прерано е за оптимизам и премалку за промена на делот од говорот каде што Бугарија ќе биде критикувана како земја која киднапирала две земји од НАТО додека има жешка војна на европската граница!“
Заедничкото учество на самитот во брисел е уште еден чекор во борбата за напредок на нашите држави, но и јасен сигнал дека и покрај бројните препреки продолжуваме да даваме придонес на патот кон евроинтеграциите- пишува во соопштението од кабинетот на српскиот претседател вучиќ..
„Договорено е на состаноците во брисел да продолжиме да се бориме за дијалог како главен и единствен исправен модел за решавање на отворените прашања, со јакнење на меѓусебната доверба и интензивирање на комуникацијата со челниците на унијата, се со цел за подобар живот на нашите граѓани“, изјави Вучиќ.
Иако кај тројцата балкански лидери преовладува песимизмот дека работите со унијата ќе мрднат кон подобро, токму поради условувањата од бугарија сепак решија во брисел да ја презентираат својата вистина дека нивните земји заслужуваат да се дел од европската унија..
Миле Ристески
