Во Струмица, Гевгелија, Дојран и Валандово гласањето тече мирно
Осум часа тече мирно гласањето во југоистокот од Македонија.
До 13 часот излезноста на гласачите во Струмица изнесувала 39,6, во Гевгелија 36,7, во Дојран 30,12, во Валандово 30% проценти. Од општинските изборни комисии велат дека досега гласањето тече мирно во фер и демократска атмосфера. Во Радовиш се гласа на 46 гласачки места, каде од вкупно запишани 23.842 гласачи до 13 часот излегле 23,52%. граѓаните задоволни од досегашниот тек на зборниот ден.
19.509 гласачи се запишани во избирачкиот список во Гевгелија. Таму гласањето нас 37-те гласачки места се одвива нормално во мирна атмосфера.
„Како секој пат и овој пат очекувам да поминеме мирно, без некои посебни проблеми како и секогаш како што било на ова избирачко место“, велат од избирачкиот одбор - Гевгелија
И во трите струмички општини, Ново Село, Босилово и Василево гласањето тече во мирна атмосфера. Таму излезноста е 21,5 во Ново Село, 13,8 во Босилово, 21% во општина Василево.
Катерина Давчева
