Свет
САД: Нацрт закон за ограничување на пристапот до огнено оружје
22.06.2022 15:12
Американски сенатори од двете партии претставија нацрт закон за ограничување на пристапот до огнено оружје. Првото процедурално гласање за пакетот треба да биде вечер...

Американски сенатори од двете партии претставија нацрт закон за ограничување на пристапот до огнено оружје.
Првото процедурално гласање за пакетот треба да биде вечер.
„Верувам дека оваа недела ќе го донесеме законот кој ќе стане најзначаен дел од законодавството против насилството со оружје кој Конгресот го усвоил во 30 години“, изјави демократот Крис Марфи. За усвојување на законот ќе биде потребна поддршка од најмалку 10 републиканци.
