Мирен гласачки ден во источниот регион

13.04.2014 15:45

Изборниот ден во источниот дел на државата тече во нормална и мирна атмосфера.

До 13 часот, според информациите од Општинските изборни комисии, своето право на глас го исполниле околу 30 отсто  од вкупно 162.403 евидентирани гласачи.

Најголема излезност е регистрирана во Штип, каде на 80 избирачки места има евидентирано 41. 698 гласачи:

„Во Штип излезноста е 42 отсто и досега целокупниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера“, вели Лидија Савиќ, претседател на Општинска изборна комисија – Штип

Во останатите општини од регионот излезноста се движи од  23 во Кочани, 24, 8 % во Делчево, 25 во Берово и 30 отсто во Карбинци.

Оливера Жежова