Бугарското Собрание изгласа недоверба на Владата на Петков
Владата на Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков падна. Бугарските пратеници штотуку ѝ изгласаа недоверба...

Владата на Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков падна. Бугарските пратеници штотуку ѝ изгласаа недоверба.
Предлогот да се изгласа недоверба го поддржаа 123 пратеници во 240-члениот парламент.
„Против“ изгласување недоверба на владата гласаа 116 пратеници. За недоверба на Владата гласаа 59 пратеници од ГЕРБ-СДС, 33 на ДСП 19 од Има таков народ (ИТН) и 12 на Преродба.
Владата на Петков, пак, ја поддржаа 67 пратеници од неговата партија Продолжуваме со промените, како и нивните колеги од коалициските БСП – 26 и Демократска Бугарија – 16 пратеници.
По изгласувањето на недовербата, Петков во своето обраќање изјави дека му е чест што бил срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.
