Подмладени состави на Бајиќ и на Скариоло
Шпанскиот селектор Серџо Скариоло за соочувањето во Сарагоса на 1 јули, повика 15-мина кошаркари, со мали исклучоци, сите од домашното првенство...

Ракометните и одбојкарските репрезентации веќе се во Оран за настапот на Медитеранските игри. Кошаркарите, пак, треба да ги одработат последните два натпревара од мундијалските квалификации.
Македонија ги загуби досегашните четири натпревари, па во пресметките со Шпанија и со Украина селекторот Драган Бајиќ може да го испита квалитетот на неколку помлади играчи.
Димитртијевиќ, Вајли, Дамјан Стојановски, Магдевски и Стајиќ нема да бидат дел од националниот состав, а шпанскиот селектор Серџо Скариоло за соочувањето во Сарагоса на 1 јули, повика 15-мина кошаркари, со мали исклучоци, сите од домашното првенство.
