ЕХФ го елиминираше Вардар од европските натпреварувања
Ракометниот клуб Вардар нема да игра во Европа наредната сезона. Долговите од минатото му пресудија на двократниот континентален првак. Во ерата на суровиот капитализам може да се прости се, освен нереализираните финансиски обврски...

Ракометниот клуб Вардар нема да игра во Европа наредната сезона. Долговите од минатото му пресудија на двократниот континентален првак. Во ерата на суровиот капитализам може да се прости се, освен нереализираните финансиски обврски.
Иако црвено-црните во 2017-та и во 2019-та беа најдобар европски клуб, правеа долгови коишто сегашната раководна гарнитура не успеа да ги подмири во краток временски интервал, па извршниот одбор на ЕХФ ја донесе одлуката којашто што веќе беше најавена.
Тоа значи дека Вардар 1961 нема да може да игра во Лигата на шампионите во сезоната 2022-ра/23-та, ниту пак во Европската лига затоа што не ги исполнува критериумите на ЕХФ за да добие дозвола. „Клупските претставници не беа во можност да ги испочитуваат датите и да постават стратегија за одложување, или, пак, дури и не одговараа“, се вели во соопштението на европската куќа на ракометот.
