Пливање
Стојановски беше побавен од личниот рекорд на 200 градно
22.06.2022 19:16
Андреј Стојановски денеска пливаше на 200 метри градно и го освои 40-тото место во конкуренција на 44 натпреварувачи...

Летото е период за водните спортови, а на Светското првенство во Будимпешта се вее и македонското знаме.
Андреј Стојановски денеска пливаше на 200 метри градно и го освои 40-тото место во конкуренција на 44 натпреварувачи.
Неговото време 2.26.11 е побавно од личниот рекорд за една секунда и 32 стотинки. 17-годишниот Стојановски, кој дебитира на мундијалите, ќе плива и в петок на 50 метри грбно.
