Странските медиуми за изборите
13.04.2014 15:49
Медиумите во регионот ги следат претседателските избори во Македонија.

Српската радио телевизија во кратка анализа се осврна на случувања во предизборието, притоа најавувајќи ги изборите. Бугарската БНТ во својата кратка вест го нагласи почетокот на гласањето. Специјализираниот веб-портал за земјите од регионот, Балкан инсајт, го анализира изборниот систем во Македонија. Од светските медиуми, АБЦ од САД, говори за кандидатите, и го објаснува начинот на избирање, кој е многу поразличен од нивната земја. Гласот на Америка, исто така го најави изборот за претстедател.
Роберт Димковски
