Турција

Пожар во Мармарис, се евакуира населението

23.06.2022 09:47

Иако накусо беше локализиран, високите температури повторно го разгорија огнот кој беше пријавен пред два дена кај Амазонскиот Залив...

Се шири пожарот во туристичкото летувалиште Мармарис.

Иако накусо беше локализиран, високите температури повторно го разгорија огнот кој беше пријавен пред два дена кај Амазонскиот Залив. Операциите на противпожарните екипи се отежнати од силниот ветер.

Досега се евакуирани над 150 луѓе.