Авганистан
Талибанците бараат помош по земјотресот кој уби над 1.000 луѓе
23.06.2022 10:03
Спасувачките напори се попречени од силниот дожд и недостигот на ресурси. Ова е најсмртоносниот земјотрес во изминатите две децении...

Талибанските власти бараат помош од меѓународната заедница по земјотресот кој усмрти над 1000 луѓе.
Спасувачките напори се попречени од силниот дожд и недостигот на ресурси. Сеизмичката активност била почувствувана и во Индија и Пакистан. Ова е најсмртоносниот земјотрес во изминатите две децении.
Авганистан се справува со хуманитарна и економска криза.
