ЕУ- Западен Балкан

Петков: Ова е историски момент да се заштитат бугарските интереси

23.06.2022 12:16

Премиерот Кирил Петков, денеска, во Брисел, истакна дека додека Народното собрание не донесе решение, бугарската позиција останува таква каква што е...

Премиерот Кирил Петков, денеска, во Брисел, истакна дека додека Народното собрание не донесе решение, бугарската позиција останува таква каква што е.

„Она што ќе им го кажам на Северна Македонија и Албанија е дека му ветив на бугарскиот народ дека решението мора да се решението мора да се донесе во бугарскиот парламент, затоа што бугарскиот Парламент е институцијата што има најголема претставителност. А јас ќе си стојам на зборот, што и да се случи денеска и што и да бараат од мене, јас ќе ја држам таа позиција. И покрај сите тези, лаги за слабост, притисок, предавство и друго, кажете ми кога бугарскиот премиер останал на својот став дека најпрво треба промена на уставот пред почетокот на преговорите, да се елиминира дискриминацијата и јазикот на омразата“, рече Петков.

Тој нагласи дека ќе остане доследен на дадениот зборот, тоа што му го ветил на бугарскиот народ, дека Народното собрание мора да се произнесе по предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија.

„Не, до крајот на Советот не може да се случи почеток на преговори, оти јас си стојам на зборот. Јас сум премиер на Бугарија и кога ќе ветам на бугарскиот народ ќе го исполнам. Се надевам дека во наредните денови, бугарскиот Парламент ќе донесе одлука за францускиот предлог. Ова е историски момент со него да се запазат бугарските интереси и следната влада да работи врз основа на таа преговарачка рамка“, додаде Петков.