Свет
Мајмунски сипаници: Експертите на СЗО решаваат за вонредна состојба
23.06.2022 13:54
СЗО проценува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба, како што беше случајот со Ковид-19...

СЗО проценува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба, како што беше случајот со Ковид-19.
Доколку тоа се случи, би можеле да се активираат механизмите за меѓународна соработка насочени кон ограничување на понатамошното ширење на болеста.
Исто така тоа би било и сигнал до поединечните земји да бидат подготвени, односно да ги зајакнат капацитетите на нивните здравствени услуги.
