Почнува фестивалот „Битола Отворен Град“
Денеска стартува 21-виот четиридневен фестивал „Битола Отворен Град“ во рамките на годинешново 14-то издание на „Бит Фест“ најдолгото и најбогато со настани културно лето. Овој е само еден од десетте програмски фестивали меѓу кои како последен и за првпат во рамките на „Бит Фест“ е ИФФК „Браќа Манаки“...

Под мотото „Градот не е нем, градот се сaка, журка и е отворен, вечерва започнува 21-то издание на фестивалот „Битола отворен град“. Издание кое сосема е поинакво од претходните и автентично се вклопува во новиот концепт на најдолгото културно лето во земјава. Организаторите велат програмата е посветена на „Z“ генерацијата. Формите и настаните се приспособени на начинот на кој комуницира оваа генерација. По уводниот дел следуваат три фестивалски вечери со богата програма.
Фестивалот се затвора в недела со големиот концерт во градскиот парк каде ќе настапат познати бендови од балканот. Но затоа пак ден пред тоа на штиците што живот значат започнува годинашното издание на „Шекспир Фестивалот“. Ви издигнувањето на „Бит Фест“ на едно повисоко ниво,професионализам и креативност свој придонес ќе дадат и фестивалите „Битолини“ Локум Фест и секако последниот од десетте Интернационалниот Фестивал на Филмска камера „Браќа Манаки“ кој за прв пат ќе се одржи на рамките на културното лето.
Не помалку значајни се и останатите манифестации. За реализација на богатата програма од општинскиот буџет издвоени се околу четири и пол милиони денари, а освен културните институции ќе се користат и атрактивните отворени битолски локации.
Стевче Митревски
