Прилеп: Во Ерековци бараат да им остане пасиштето за добитокот
Жителите на прилепското село Ерековци бараат да им остане парцелата до селото како пасиште за добитокот од кој егзистираат и да не се дава под концесија. Ќе си плаќаат за да не им замре сточарското производство и опстанокот …

Жителите од прилепското село Ерековци бараат да не се даваат под концесија парцелите до селото за да може да напасуваат околу 300 грла крави и овци кои им се егзистенција.
Преку 20 хектари нива, наречена „Браненица“ ја користат како пасиште четири децении, по пропаѓањето на земјоделскиот комбинат. Барањето им е уште од 2016 година. Секое село, велат, во атарот има пасиште за добитокот. Со давање под концесија на еден корисник, ќе ја загубат егзистенцијата.
Од подрачната единица на министерството за земјоделство велат дека тоа е нива и политика на министерството е што повеќе државно земјиште да се стави во функција за производство на храна. Околу 300 жители од Ерековци, пак, бараат право на производство и живот од сточарството
Елизабета Митреска
