Во Карпош 4 гласањето тече мирно

13.04.2014 16:21

Точно во седум часот изутринава беа отворени сите гласачки места во основното училиште Петар Поп Арсов во скопската населба Карпош 4.

Дека се започна во најдобар ред , на терен регистрираше  и екипата на Македонската телевизија.  Од општинските изборни комисии  информираа дека гласачките материјали се доставени  и гласањето започна на време.  Очекуваат  Изборниот процес  да се одржува во фер и демократска атмосфера.

 “Гласачките материјали се доставени на време уште од вчера, гласањето започна точно во седум часот и секако очекувам добар одзив до крајт на денот“,вели Соња Цветковска, претседател на избирачки одбор

Граѓаните кои своето право на глас го искористија уште во раните утрински часови, очекуваат да победи најдобриот.

„ јас еве што туку гласав, значи го искористив моето гласачко право и очекувам дека се  ќе заврши најдобро...Гласав и моите очекувања се дека ќе победи најдобриот“

Денеска се одржуваат петитте претседателски избори во Република Македонија. Само во општина Карпош, право на глас имаат 52.294 гласачи запишани во Избирачкиот список кои ќе гласаат на 74 избирачки места.