55 проценти кофинансирање за млад земјоделец
До 6-ти јули сите оризопроизводители кои имаат намера да купат комбајн за жетва на оризот и имаат најмалку еден хектар со оваа култура, можат да побараат финансиска помош од платежната агенција во висина од најмалку 50 проценти од вредноста на инвестицијата. Аплицирањето е електронски, а барањата со ист број бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на апликацијата...

Сите земјоделци кои имаат повеќе од еден хектар со ориз, ќе можат да аплицираат за набавка на комбајни за жетва на оваа култура.
Средствата се обезбедени од програмата за рурален развој, а право на субвенционирање ќе имаат сите регистрирани земјоделски стопанства, трговци поединци и земјоделските задруги.
Вкупната прифатлива сума по корисник е до 3,5 милиони денари, а поддршката се исплаќа по принцип на кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на комбајнот.
Стапката на кофинансирање се зголемува на 55, односно 65 отсто ако подносител на барањето е млад земјоделец од 18 до 40 годишна возраст.
Оваа стапка важи и за сите оние кои работат и обработуваат површина во места со ограничени можности, додека 75 проценти кофинансирана сума им следува на оризопроизводителите кои имаат ниви во недостапни средини.
Изборот на корисниците е по пат на рангирање.
Аплицирањето е електронски, а потребната документација се доставува до платежната агенција до 6-ти јули 2022 година.
Методија Трајков
