Македонија

Бугарија: Модификација на францускиот предлог

24.06.2022 09:35

Во бугарскиот Парламент модифицираниот француски предлог за укинување на ветото за Македонија. Во заклучокот на Комисијата за надворешни работи, со документот се бара заштита на бугарскиот национален интерес...

Во бугарскиот Парламент модифицираниот француски предлог со 4 точки за укинување на ветото за Македонија.

Во заклучокот на Комисијата за надворешни работи се бара во документот експлицитно да се прецизира одбраната на бугарскиот национален интерес. Гаранции за вметнување на Бугарите во Уставот на Македонија таму каде што се споменати другите народи и на рамноправна основа со тие народи.

Ништо во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не може да се толкува како признавање на Бугарија за постоење на македонски јазик, гаранции дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум до крајот на преговорите и Европската комисија за цело време го информира Европскиот совет за имплементацијата и периодичен преглед на исполнувањето на Договорот за добрососедство, се точките од модифицираниот предлог.