Македонија

Од денеска стапува на сила забраната за движење во шуми

24.06.2022 09:51

Високите температури и опасноста од пожари го вклучија алармот во „Национални шуми“, од денеска стапува на сила забраната за движење во шума. Забраната ќе трае од 06:00 до 20:00 часот...

Од денеска стапува на сила забраната за движење во шума. Високите температури и опасноста од пожари го вклучија алармот во „Национални шуми“. Забраната ќе трае од 06:00 до 20:00 часот.

Оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумско-стопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни асортимани, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.

Забраната ќе важи се до проценката дека е намален ризокот од појава на пожари.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.