Воен конфликт

Украинските сили ќе мора да се повлечат од Северодоњецк

24.06.2022 10:13

„Кандидатскиот статус за членство во Европската унија е појдовна точка на новата историја на Европа“, изјави украинскиот претседател Зеленски, по Самитот на ЕУ во Брисел.

„Верувам дека знамето на ЕУ ќе биде во секој украински град кој ќе го ослободиме од руска окупација. Ви благодарам за можноста за нова историја на Украина, нова историја на Европа, уште посилна, и најслободна досега“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во Москва, состанок на Заедницата на независни земји на кој се разгледуваат идните чекори на руската војска и активноста на НАТО во близина на нивната западна граница.

„Се среќаваме во тешки времиња. Но, тешкотиите не прават посилни, и покрај обидите на нашите непријатели и противници да ги поделат нашите земји, ние се зближуваме, покажуваме вистинско пријателство и братски релации“, изјави Виктор Кренин, министер за одбрана на Белорусија.

Војната влегува во петтиот месец. Украинските трупи пружаат отпор во периферијата на Лисичанск, последниот град под контрола на Киев во регионот Луганск. Русите го зазедоа селото Николајевка во близина, а напредуваат и во Северодоњецк.