Судири во Славјнск- жртви на двете страни
Украинскиот министер за внатрешни Аваков на Фејсбук напиша: „Сепаратистите почнаа да се бранат со човечки штит“. Ова е прв вооружен одговор на украинската влада...

На истокот на Украина во градот Славјанск безбедносните сили почнаа антитерористичка акција со цел одбрана на градот од вооружените проруски активисти коишто во текот на вчерашниот ден ја зазедоа зградата на полицијата во градот. Последните податоци велат дека е убиен еден офицер на украинската Служба за безбедност, а петмина се повредени. Како што се дознава, загинале и двајца припадници на т.н. „Десниот сектор“ и еден проруски демонстрант, но не е познат точниот број на жртви. Сведоци велат дека во градот се слушаат експлозии и го надгледуваат хеликоптери. Украинскиот министер за внатрешни Аваков на Фејсбук напиша: „Сепаратистите почнаа да се бранат со човечки штит“. Ова е прв вооружен одговор на украинската влада.
„Ќе возвратиме на огнот. Ако ни се приближат и пукаат, ќе возвратиме“, вели Командант на проруската самоодбрана.
Министерот за надворешни работи Лавров го предупреди шефот на американската дипломатија Кери дека евентуалната употреба на сила од страна на Киев би значело потенцијална опасност за четиристраните разговори во Женева за решавање на кризата. Очекувано, Вашингтон за размената на оган меѓу граѓаните и полицијата ја обвини Москва.
„Како да објасните кога вооружени луѓе вршат криминални напади врз регионалните полициски станици, а полицијата не отвора оган? Тоа е кршење на законот и на уставот“, изјави Петро Порошенко, кандидат за претседател на Украина.
Водачот на украинската екстремна десница ги повика приврзаниците да се мобилизираат и да се подготват за одлучни чекори за одбрана на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, а војската да не се судира со нив, туку да ги поддржи.
Марина Автовска
