Свет
Русија: Се урна воен товарен авион
24.06.2022 10:17
Руски воен товарен авион Ил-76 се урна во градот Рјазан, 200 километри југоисточно од Москва. Четири лица загинаа...

Руски воен товарен авион Ил-76 се урна во градот Рјазан, 200 километри југоисточно од Москва. Четири лица загинаа, а петмина се повредени и хоспитализирани.
Според првичните информации, несреќата била предизвикана од дефект на моторот, кој се случил веднаш по полетувањето.
При падот авионот ги оштетил жиците на далноводите, па блиското село останало без струја.
