Свет

ЕУ праќа помош по разорниот земјотрес во Авганистан

24.06.2022 10:26

Европска Унија праќа еден милион евра во Авганистан како помош по разорниот земјотрес во кој загинаа над илјада луѓе...

Европска Унија праќа еден милион евра во Авганистан како помош по разорниот земјотрес во кој загинаа над илјада луѓе.

Тајван најави донација од милион долари, а поддршка ќе стигне и од Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

Досега талибанската влада добила камиони со храна и други артикли, како и два авиона со хуманитарна помош од Иран и од Катар.