САД

Американскиот Сенат усвои законска мерка за контрола на оружјето

24.06.2022 10:33

Построга проверка на помладите купувачи, училишни програми за безбедност и отежнат пристап до огнено оружје на сомнителни лица, се само дел од пакетот за кој се предвидени 13 милијарди долари...

Со поддршка од демократите, но и петнаесетина републиканци, американскиот Сенат усвои законска мерка за контрола на оружјето, којашто се смета за првата позначајна легислатива во последните три децении.

Построга проверка на помладите купувачи, училишни програми за безбедност и отежнат пристап до огнено оружје на сомнителни лица, се само дел од пакетот за кој се предвидени 13 милијарди долари. Документот оди на гласање во Претставничкиот дом пред да биде потпишан од претседателот Бајден. Одлуката следува по минатомесечните напади во Њујорк и Тексас во кои загинаа десетици луѓе.

Претходно, Врховниот суд го укина ограничувањето на државата Њујорк за носење оружје во јавност. Судот утврди дека законот од 1913 година е во спротивност со Вториот амандман на Уставот.