Свет

Мајмунските сипаници стигнаа во Хрватска и Бугарија

24.06.2022 10:45

Прв случај на мајмунски сипаници во Хрватска. Пациентот е во домашна изолација, а претходно престојувал во Шпанија и Италија...

Прв случај на мајмунски сипаници во Хрватска.

Пациентот е во домашна изолација, а претходно престојувал во Шпанија и Италија.

Случаи и во Бугарија. И двајцата пријавиле дека патувале во Шпанија и Велика Британија.

Патогенот се пренесува преку близок физички контакт.

„Иако не се шири лесно меѓу луѓето, почетокот на летната сезона и големите собири на празници, забави и фестивали се ризични“, предупреди Здравствената агенција на ЕУ.