Свет

Бугарското МНР ја осуди изјавата на Еди Рама

24.06.2022 11:56

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската Унија (ЕУ) кои ја бранеа европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи во кое се реагира на вокабуларот што го користел албанскиот премиер, Еди Рама за време на Самитот ЕУ – Западен Балкан...

Бугарското Министерство за надворешни работи најостро ја осуди изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама.

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската Унија (ЕУ) кои ја бранеа европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи во кое се реагира на вокабуларот што го користел албанскиот премиер, Еди Рама за време на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

„Не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри и навредливи квалификации од шеф на влада. Така низок јазичен регистар повеќе не можат да се оправда со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги приспособи своите изразни средства на јазик што е соодветен за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ“, се вели во ставот на МНР.