Тетово: Администрацијата добива покачување
Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за две илјади и 800 денари, најави градоначалникот Касами. Потпишани се измени на колективниот договор, во кој се врши линеарно зголемување на платите. Според Касами, иако има големи долгови, општината ќе може да исплаќа зголемени плати, затоа што има повеќе наплата на даноци …

Вработените го поздравија покачувањето на платите, откако градоначалникот Биљал Касами објави дека е потпишана измена на колективниот договор. Повисоки примања, помотивирани административци, поуспешна локална самоуправа, истакна првиот човек на општината.
Тетово е една од најзадолжените општини со најголем број вработени, блокирани сметки.
Но, Касами е оптимист дека општинскиот буџет ќе може да го издржи дополнителниот товар поради повисоките плати, оти била зголемат наплатата на даноците.
За линеарното покачување на платите секој месец, ќе се одвојуваат дополнително 1 милион и двесте илјади денари од општинската каса.
Зоран Димовски
