Болниците во Штип и Кочани се соочуваат со финансиски проблеми
Болниците кои во пандемијата работеа како ковид центри се соочуваат со сериозни финансиски проблеми. Очекуваат помош од државата и средства за нив во ребалансот на буџетот. Најпогодени се големите ковид центри каде за две ипол години се лекуваа илјадници ковид пациенти...

Финансиската кондиција на сите ковид центри после пандемијата е загрозена, сериозни се финансиските импликации од лекувањето на ковид пациентите и намалениот обем на работа на останатите оддели. Состојбата полека се стабилизира, но за целосно финансиско закрепнување болниците очекуваат помош од државниот Буџет.
Слична е состојбата и во болницата во Кочани. Директорот Ацо Серафимов, вели дека болницата сè уште должи еден милион денари за лекови и медицински гас набавени за лекување на околу илјада ковид пациенти. Дванаесет милиони денари е долгот на кочанската болница за електрична енергија, излез се гледа во ветената финансиска помош од Министерството за здравство. Модуларната болница во Кочани е во план да се користи од брзата помош и амбулантскиот оддел, а пренамена се планира и за штипската модуларна болница.
Што се однесува до изградбата на новата Клиничка болница во Штип, премиерот Ковачевски неодамна изјави дека Владата бара нов финансиер, откако банката на Советот на Европа го стопираше финансирањето на изградбата заради застој на работите од страна на изведувачот кој отиде во стечај.
Славица Величковска
