ЕСМ на тендерот на ЕВН понуди 48 евра за мегават час
ЕСМ понуди 17 проценти поскапа струја од јули. ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија на денешниот тендер за набавка за потребите на корисниците ја добил понудата...

ЕСМ понуди 17 проценти поскапа струја од јули. ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија на денешниот тендер за набавка за потребите на корисниците ја добил понудата.
„АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронска аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегават час, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.
Добиената купопродажна цена 48 евра за мегават час за периодот јули-декември 2022 e за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2022), кога ад ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегават час за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме како универзален снабдувач“ велат од ЕВН Хоме.
За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика.
